• четврток, 04 декември 2025

Голем дел од Скопје без вода заради пукната водоводна цевка во Влае 

Голем дел од Скопје без вода заради пукната водоводна цевка во Влае 

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - Поради сериозен дефект на водоводна цевка со пречник од 600 милиметри на улицата „Франце Прешерн“ 100Д во населбата Влае голем дел од гадот е со прекинато водоснабдување,  а останатиот дел со намален притисок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што посочуваат, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдуваат информацијата за дефектот и велат дека екипите се на терен и работат на негова санација.

-Поради тоа, без водоснабдување се повеќе општини, меѓу кои Влае и Ѓорче Петров, прецизираат од ЦУК.вј/

Фото: Притнскрин

Остани поврзан