• петок, 05 декември 2025

Голден Стејт последен четвртфиналист во НБА-плејофот

Голден Стејт последен четвртфиналист во НБА-плејофот

Хјустон, 5 мај 2025 (МИА) – Тимот на Голден Стејт вориорс е последниот учесник во четвртфиналната фаза од разигрувањето за шампионската титула во најсилната кошаркарски лига на светот – НБА.

„Воините“ ноќеска во решавачкиот, седми меч, од серијата со Хјустон рокетс, на гостински терен забележаа победа со 103:89.

Голден Стејт ја доби серијата со 4:3 и не му дозволи на ривалот да направи пресврт по негативата од 1:3.

Противник на Вориорс во следната фаза ќе биде Минесота тимбервулвс.

На другиот натпревар одигран ноќта недела кон понеделник, Индијана на гости го изненади Кливленд со 121:112 и поведе со 1:0 во четвртфиналето. зс/

Фото: ЕПА  

Остани поврзан