Германскиот амбасадор Граф на средба со Таравари, разговарале за поддршка на устваните измени
- Вршителот на должноста амбасадор на Сојузна Германија, Ото Граф имаше средба со лидерот на политичката партија Алијанса за албанците и градоначалник на општина Гостивар на која се разговарало за актуелните состојби на политичката сцена.
Гостивар, 28 февруари 2023 (МИА) – Вршителот на должноста амбасадор на Сојузна Германија, Ото Граф имаше средба со лидерот на политичката партија Алијанса за албанците и градоначалник на општина Гостивар на која се разговарало за актуелните состојби на политичката сцена.
На средбата во кабинетот на градоначалникот, Граф лично му го честиташе изборот на новите членови на Владата и го поздрави овој потег за приклучување кон владиното мнозинство.
- Ние сме согласни дека граѓаните и граѓанките на оваа земја го гледаат својот пат кој води кон ЕУ и да се продолжи да се чекори по него. Следното што треба да се направи се уставните измени и на кој начин тоа би можело да се направи, изјави по средбата в.д. амбасадорот Граф.
Средбата, како што беше кажано била договорна од претходно и е дел од соработката, а се реализира непосредно по изборот на новите членови на владата од редовите на АА. Домаќинот Таравари потврди дека приоритет на партијата ќе биде ангажирање во обезбедување на доволен број пратеници за изгласување на измените на Уставот на РСМ.
-Кои следните чекори на Владата и за можноста за создавање на мнозинство од 80 пратеници кои би ги поддржале уставните измени. Се надевам дека Алијанса за албанците ќе даде значаен придонес во претстојниов период, како во правец на уставните измени, така и во подобро владеење и раководење со институциите, рече Таравари. згм/дма/
Фото: МИА