• среда, 04 декември 2024

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух

Скопје, 3 декември 2024 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека општината вложува во инклузивни проекти на локално ниво со цел подобрување на животот на лицата со попречености.

„Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември е силен потсетник дека сите ние - институции, невладини организации, граѓани мора заеднички да работиме за да овозможиме поквалитетен живот на овие лица. Општина Центар се грижи за сите групи граѓани, со посебен фокус на лицата со попреченост. Обезбедивме сензорни соби во училиштата „Киро Глигоров“, „11 Октомври“, „Песталоци“, „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“. Ангажиравме 50 лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби“, вели Герасимовски.

Герасимовски потенцира се обезбедува инклузивност во образовниот процес на територија на општината.

„Поставивме лифт и тоалет за учениците со потешкотии во движењето, како и пристапна рампа за непречен пристап во ОУ „Коле Неделковски“. Во тек е изградбата на новата инклузивна градинка „Пролет“ и овозможивме бесплатен паркинг за сите лица со општетен слух на сите паркинзи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Општина Центар е инклузивна општина и продолжува во овој дух и понатаму да делува, да работи за сите граѓани без разлика на нивната различност или пак, попреченост, истакна Герасимовски.

Проектот за бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попречености од Општина Центар се одвива во континуитет. Откако е почнат проектот во месец февруари 2024 година, реализирани се вкупно 197 бесплатни транспорти.

Со почит,
Општина Центар

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан