Герасимовски: Родовата еднаквост е реалност, од 142 вработени во општина Центар, 88 се жени
- Во Општина Центар родовата рамноправност е реалност, информира градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март.

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Во Општина Центар родовата рамноправност е реалност, информира градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март.
-Во Центар, жените се мнозинство. Од 142 вработени, 88 се жени. Дури 21 жена е на раководна позиција од вкупно 34 сектори и одделенија, а претседател на Совет на Општина Центар е жена, рече Герасимовски.
Потенцира дека има седум директорки од вкупно осум основни училишта во Центар.
-Од 473 вработени во училиштата, дури 87 отсто се жени, а во сите три градинки раководат жени. Во Центар, родовата рамноправност е реалност. Заедно можеме да направиме сѐ. Среќен 8 Март, порача Герасимовски. вј/ев/
Фото: Принтскрин