• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма

Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а ќе трае до 4-ти јули.

На средбата со новинарите утрово, тој потенцира дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три и пол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар.

-Караванот почнува денеска и ќе трае до 4-ти јули. Заедно со граѓаните ќе креираме политики и идеи и ќе ги реализираме. Самиот караван почнува од населбата Капиштец, од детското игралиште кај Зебра. Со општинските служби ќе бидеме заедно со граѓаните и ги слушаме сите нивни предлози и идеи, она што го правиме во текот на годините преку буџетските форуми, истражувањата, анкетите. Нашата цел е да ги слушнеме центарци за нивните предлози и идеи. Се гледаме вечер во маало, рече Герасимовски.

Тој денеска го промовираше и Зелениот катастар со кој преку платформата ГИС со кој сите граѓани имаат на увид состојбата со зеленилото во општината.

-Досега се детектирани 10 000 дрвја низ општината и граѓаните можат да имаат увид за нивниот вид и состојба. Останува уште 30 проценти да се заокружи мапирањето на сите дрвја во Општината, вели Герасимовски.

Караванот ќе почне од населбата Капиштец во Зебра паркот од 18:30 до 20:00 часот, а потоа следат:

-Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот во Дебар маало (клупата Горан Стефановски)
-Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот Пролет игралиште
-Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот на Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)
-Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот кај Зелено пазарче на плочникот
-Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот на Средно Водно паркингот
-Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот во Парк Капиштец кај спортското игралиште
-Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот во Песталоци (во дворот)
-Среда 25.06 од 18:30 до 20:00 на Ул. 50 дивизија (игралиштето)
- Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот кај Градски ѕид (ескимо пролазот)
-Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот кај НБРМ Плочникот Маџир маало
-Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот кај Пазарче Буњаковец
-Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот во Градски парк
-Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот на Водно (кош Тинекс)
-Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот кај Пајко маало (филхармонија)
-Среда 02.07 од 18:30 до 20:00 на Кеј 13 Номеври, кај кафичите
-Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот во Крњево и Сабота, 05.07 од 18:30 до 20:00 часот на Кале. вг/дма/

Фото/видео: МИА

 

Остани поврзан