• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Водевме фер, чесна и конструктивна кампања, во недела се потврдува победата

Герасимовски: Водевме фер, чесна и конструктивна кампања, во недела се потврдува победата

31 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервјуто за медиумот „Пари“ вели дека по резултатите од првиот круг и поддршката што ја добива од терен во изминатите денови, смета дека во недела, заедно со граѓаните на Центар, ќе се потврди големата победа, стои во соопштението на Герасимовски кое МИА го пренесува интегрално.

„Нашите очекувања и анализите кои ги имаме се дека поддршката расте, а во вториот круг ќе ја зголемиме разликата. Сметам дека водевме фер, чесна и многу конструктивна изборна кампања, која беше длабоко втемелена во програмата за следните четири години. Мојата програма не беше изборен памфлет како на мојот противкандидат, туку сериозен стратешки и политички документ составен врз база на остварливи ветувања и проекти за секој дел од Центар и за секоја категорија граѓани. Ова е суштинската разлика меѓу мене и другата опција“, истакнува Герасимовски.

Тој потенцира дека не се служел со ниски напади, лаги и манипулации како што тоа го правеа противкадидатите, туку се фокусирал на реални ветувања и конкретни проекти кои граѓаните на Центар ги препознаа.

„Центар и центарци не потпаѓаат на стари потрошени трикови и негативна кампања, знаат да препознаат искрен пристап и посветена работа, и затоа очекувам во недела да ми ја дадат поддршката“, вели Герасимовски. 

Горан Герасимовски

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан