Герапетритис ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан во Лондон
- Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис денеска ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 22 октомври 2025 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис денеска ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР информираа дека главните теми на Самитот се „зајакнување на регионалната безбедност, справување со нелегалната миграција и промовирање на регионалниот економски развој“.
Нашата земја на Самитот во Лондон учествува со владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. ср/