• понеделник, 23 декември 2024

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Атина, 30 август 2024 (МИА) – Ние сме за добрососедски односи, ја поддржуваме европската перспектива на сите држави од Западен Балкан, но на никој начин нема да го толерираме овој вид на селективно усогласување со меѓународното право. Меѓународното право е пакет, или целосно го прифаќаш или целосно го отфрлаш, а истото важи и за соседна Албанија, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, говорејќи за односите со нашата земја во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија рече дека „од доаѓањето на власт, од новата Влада во соседната земја и од претседателката постои систематско прекршување на јадрото на Договорот од Преспа“.

- Договорот од Преспа, ни се допаѓа или не, е меѓународен текст што во овој момент надвладува било која законска одредба, не може еднострано да се промени. Текстот, содржината на договорот е многу јасна, наведува дека употребаτа на името Северна Македонија е кон сите, па така во овој момент соседната земја се наоѓа во состојба на прекршување на Договорот од Преспа, рече Герапетритис.

Во однос на тоа дали Грција реагира, шефот на грчката дипломатија истакна дека ги информираат сите земји на билатерално ниво, како и сите меѓународни организации.

-Се вршат сите дејствија што треба да се извршат. Во кој било момент сме подготвени за сите веројатности, ако продолжи оваа состојба со Владата на Севeрна Македонија, рече Герапетритис и додаде дека согласно меѓународното право, постојат алатки „што ќе ја обврзат Северна Македонија да се усогласи“. ср/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан