• сабота, 23 ноември 2024

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Поранешниот премиер и екс лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а сега претседател на ВМРО-НП, преку неговиот Фејсбук профил му упати порака на неговиот некогашен сопартиец, екс премиер и лидер на партијата, Никола Груевски дека се соочува со истите работи кои тој му ги правел нему кога го наследил на лидерската позиција. 

-Се што ми направи мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни, пишува на Фејсбук статусот на Ѓеоргиевски.

Тој со порака и до како што вели „ВМРО-Шумадија“.

-Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа, стои на Фејсбук профилот на Георгиевски.

Последниве денови во јавна преписка преку социјалните медиуми актуелниот и поранешниот претседател на партијата кој е во егзил во Будимпешта си разменија обвинувања. Мицкоски до Груевски кој во интервју за ФАЦ јавно го прозва својот претходник дека преговарал со власта со цел тој да се спаси од кривичен прогон и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Груевски пак до Мицкоски да објасни дали навистина ги кажал тие нешта во разговорот за ФАЦ и да приложи докази, но и со тврдење дека е цел на организирани напади и со порака до членството да „мисли со своја глава“. вг/ац/

Фото: Принтскркин 

 

Остани поврзан