• вторник, 24 декември 2024

Генералниот секретар на Интерпарламентарно Собрание на Православието до УНЕСКО: Света Софија е во опасност

Генералниот секретар на Интерпарламентарно Собрание на Православието до УНЕСКО: Света Софија е во опасност
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – Неодамна ја посетив Света Софија и навистина доживеав шок, рекол Максимос Харакопулос, генералниот секретар на Интерпарламентарно Собрание на Православието (ДСО) на средбата со претставничката на центарот за културно наследство на УНЕСКО Берта де Санкристобал и истакнал дека во суштина споменикот во опасност да претрпи непоправлива штета, јави дописничката на МИА од Атина. На средбата одржана во понеделникот во седиштето на УНЕСКО во Париз, делегацијата на Интерпарламентарно Собрание на Православието предводена од Харакопулос, како што соопштија од ДСО ја информирале Санкристобал за меѓународната кампања на ДСО за будење на меѓународното јавно мислење против „профаното претворање на Света Софија во џамија, што не само што е навреда за историската вистина, туку претставува и директна закана за споменикот“. Харакопулос истакнал дека е императив претставници на УНЕСКО да го посетата споменикот за да се види реалноста, но и дека „доколку нема посуштински одговор, Турција дополнително ќе се охрабри“. -Затоа сме денес овде, барајќи од вас, со поголема внимателност да го погледнете овој споменик, кој всушност е во опасност, во опасност е од непоправлива штета. Се надевам дека нашата посета овде ќе биде повод повеќе да се мобилизира УНЕСКО. Досегашната реакција на меѓународната заедница не беше онаква каква што се очекуваше и тоа го охрабрува сторителот и го намалува престижот на меѓународните организации, рекол Харакопулос на средбата. Претставничката на центарот за културно наследство на УНЕСКО Берта де Санкристобал, според соопштениот од ДСО, рекла дека УНЕСКО придава особено значење на спомениците на Истанбул, кои ги следи одблиску и уверила дека на следниот состанок на организацијата, прашањето за Света Софија ќе биде една од главните теми што ќе се покрене. ср/ац/

Остани поврзан