Гевгелија доби нова атлетска патека
- Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја пушти во употреба новата атлетска патека во Гевгелија. Овој проект вреден 7.750.000 денари претставува значајна инвестиција во спортската инфраструктура.
![Гевгелија доби нова атлетска патека](https://mia.mk/index.php/images/20250215141322_big_730x400_32.webp )
Гевгелија, 15 февруари 2025 (МИА) - Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја пушти во употреба новата атлетска патека во Гевгелија. Овој проект вреден 7.750.000 денари претставува значајна инвестиција во спортската инфраструктура.
-Со големо задоволство денеска ја отвораме оваа современа атлетска патека, која ќе им овозможи на сегашните и идните генерации атлетичари, рекреативци и љубители на спортот да имаат подобри услови за тренинг и натпреварување. Ова е уште еден доказ за посветеноста на Министерството за спорт кон унапредувањето на спортот и создавањето подобри услови за сите граѓани - изјави министерот Ристовски.
Новата атлетска патека ќе им овозможи на спортистите поквалитетни услови за подготовки, а граѓаните ќе добијат уреден простор за спорт и рекреација.
Изградбата на Атлетската патека во Гевгелија е еден од капиталните проекти на Министерството за спорт и дел од пошироката стратегија за развој на спортската инфраструктура низ целата земја.
-Македонскиот спорт заслужува поддршка, а спортистите и сите граѓани заслужуваат најдобри услови за успех. Продолжуваме со реализација на капитални спортски проекти кои ќе донесат трајни придобивки за спортот во нашата држава - додаде Ристовски. дс
Фото: МИА