Гвардиола: Имам резерви поради постигнатото за осум години, затоа не добивам отказ
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола објасни зошто не добива отказ и покрај серијата од шест меча по ред се без победа (пет порази).

Манчестер, 30 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола објасни зошто не добива отказ и покрај серијата од шест меча по ред се без победа (пет порази).
- Во овој клуб ви требаат победи и ако ги немате, ќе бидете во неволја. Луѓето велат: „Зошто Пеп не е отпуштен? Погледнете што направивме во последните осум години - затоа имам резерва. Сакам да останам и да продолжам да работам. Во моментот кога ќе почувствувам дека не внесувам позитивност во клубот, ќе ме замени друг тренер. Така треба да биде. Но, сега морам да најдам решенија, и ќе се трудам секој ден. Имам што да си докажам себеси, изјави Гвардиола.
Со „граѓаните“ шпанскиот тренер шест пати стана шампион на Англија и еднаш ја освои Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА