• сабота, 24 мај 2025

Гаши во посета на Националната универзитетска библиотека по повод Светскиот ден на книгата

Гаши во посета на Националната универзитетска библиотека по повод Светскиот ден на книгата

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на книгата, претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ја посети Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во просториите на библиотеката тој се информира одблиску за развојот, новините и предизвиците со кои се соочува оваа институција. Исто така оствари разговор со студенти, професори, автори и вработени во библиотеката, во кој дискутираа за заедничката страст кон книгата и библиотеката. Во текот на дискусијата, Гаши ги сподели своите лични искуства и размислувања за значењето на книгата во општеството.

Претседателот на Собранието изрази подготвеност да понуди секаква можна поддршка за библиотеката, потенцирајќи ја улогата на оваа институција во обликувањето на поактивно и поразвиено општество.

Изразувајќи ја својата благодарност за топлиот пречек, Гаши симболично повторно се зачлени во библиотеката.вј/нд/

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан