• вторник, 06 август 2024

Галагер од Челзи во Атлетико Мадрид

Галагер од Челзи во Атлетико Мадрид


Лондон, 5 август 2024 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Конор Галагер, е на чекор да се пресели во Атлетико Мадрид, јавија денеска британските медиуми.
Според телевизијата Скај, Галагер денеска патува за Шпанија за да го комплетира трансферот во мадридскиот клуб.
Челзи ја прифатил понудата од околу 34 милиони фунти, откако не успеа да ги договори условите со Галагер за нов договор.
За Галагер беа заинтересирани два ривалски премиерлигашки клубови, но 24-годишниот играч од средниот ред одлучи да премине во Атлетико.
Доколку ги мине лекарските прегледи и се договори за условите на договорот, Галагер ќе потпише петгодишен договор со Атлетико.
Челзи претходно прифати поголема понуда од Астон Вила за Галагер, но тој одби преселба во клубот од Бирмингем. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан