Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево
- Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.
Белград, 16 април 2024 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.
„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.
Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево. ссм/
фото: архива