• вторник, 17 декември 2024

Вулканската лава уништи дестици згради во исландскиот град Гриндавик

Вулканската лава уништи дестици згради во исландскиот град Гриндавик

Рејкјавик, 4 февруари 2024 (МИА) - Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА.

Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик.

Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира во ноември по серијата земјотреси за кои, како што подоцна се испостави, ја најавувале силната вулканска ерупција.

Вулканот еруптираше во раните утрински часови на 14 јануари, а набрзо по евакуацијата на населението во близина на градот се појавија бројни пукнатини низ кои почна да продира голема количина лава, кој проодлжи да се излева и во Гриндавик.

Прв пат по речиси половина век, куќи во Исланд беа уништени од големо количество лава. Се проценува дека околу 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале во областа Сварценги, каде што се наоѓа Гриндавик.

Експертите стравуваат од нова голема ерупција на Исланд. На неколку стотици жители на Гриндавик денеска им беше дозволено да се вратат во своите домови на неколку часа за да го земат преостанатиот имот што не бил уништен.

Слична акција е планирана и за понеделник.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан