Второ издание на културно-научната манифестација „Светлината на Гонџе“
- Второто издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Второто издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје.
Манифестацијата, како што соопшти Институтот, се совпаѓа со 112-годишнината од раѓањето и 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза.
Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на централниот плоштад во Скопје, при што ќе биде промовирано истоименото списание. мс/ев/