Второ авионско прскање против комарци во Куманово
- Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре ќе спроведе второ авионско прскање против комарци. Третманот, како што наведуваат од општината ќе опфати површина од 1 270 хектари и ќе се спроведе по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“ и населбите „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје и пречистителна станица JП „Водовод“ село Доброшане.

Куманово, 4 август 2025 (МИА) - Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре ќе спроведе второ авионско прскање против комарци. Третманот, како што наведуваат од општината ќе опфати површина од 1 270 хектари и ќе се спроведе по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“ и населбите „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје и пречистителна станица JП „Водовод“ село Доброшане.
-Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека на ден 5. август (вторник), во период од 04:00 до 10:00 часот на територијата на општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот ќе се користи препаратот „Aqua K-Othrine 2 EW“, информираа од Општина Куманово.
Пчеларите треба да преземат соодветни заштитни мерки. Доколку временските услови се неповолни, тогаш авионското прскање ќе се одложи за нареден ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.
Куманово склучи два договори со компании задолжени за дезинсекција против комарци. Градот склучи договор и спроведе јавна набавка за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, за што одвои скоро два милиони денари. Општината преку друг тендер, избра компанија за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. ам/дма/
Фото: МИА и Бониер