Времен прекин на сообраќајот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш
- Од 12 до 16 часот денеска на потегот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш ќе има времен прекин на сообраќајот.

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Од 12 до 16 часот денеска на потегот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш ќе има времен прекин на сообраќајот.
Причина за прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е минирање на патот за изградба на делницата Длабочица-Чатал од експресниот пат А2.
Патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин до расчистување на магистралниот пат. бак/вг/
Фото: МИА Архива