• вторник, 19 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени. Во Скопје претпладне со врнежи од дожд кои во попладневните часови ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 9 степени. Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер.

Остани поврзан