• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од  14 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 22 степена. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.

Остани поврзан