• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 20, а дневната ќе достигне 28 степени. И во четврток под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан