• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 2 октомври 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 21 до 27 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени. До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Остани поврзан