• понеделник, 16 декември 2024

Вреди: Северна Македонија прворангирана во регионот со можност за средства од Планот за раст на ЕУ

Вреди: Северна Македонија прворангирана во регионот со можност за средства од Планот за раст на ЕУ

7 декември 2024 

Преку оваа кратка комуникација со вас, ја имам честа да ја соопштам фантастичната вест која означува историски момент, Северна Македонија е рангирана како првата земја во регионот што има можност да ги добие средства од Планот за раст на ЕУ!

Како ВЛЕН, откако почнавме да работиме, можеме јасно да покажеме дека многу проекти се опипливи за вас, почитувани граѓани. Во оваа насока, еден од нашите приоритети и заложби, како што знаете, за време на кампањата и по неа, беа и продолжува да биде, е евроинтеграциите.

А, тоа го докажуваат и постигнатите конкретни резултати, каде што за моја привилегија и ваша среќа сум избран за Национален координатор на Реформската агенда за Планот за раст на Европската Унија, со која го потпишав Договорот за Инструментот за реформи и раст.

Почитувани граѓани,

Ве известувам дека наскоро Собранието ќе го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со кој се ослободуваат вкупно 52,5 милиони евра, односно првата рата од над 750 милиони евра, која ни припаѓа како прогресивна држава со цел за напредок.

Морам да застанам тука,

Да ја објавиме добрата вест во рамките на оваа добра и продуктивна најава е дека нашата земја ќе биде прва во регионот која се очекува да ги добие првите средства од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Ова е идеална можност што поскоро да се започнеме со конкретна развојна работа.

Така, ова е доказ од нашата безрезервна посветеност, ние како ВЛЕН сега го имаме Договорот за Инструментот за реформи и раст, отворајќи ново поглавје во финансиската соработка со Европската Унија.

Затоа, ценам дека ова е стратешки чекор кој го зајакнува нашето европско патување и носи директни придобивки за граѓаните на нашата земја.

Јас, ние, сите, како ВЛЕН со гордост го даваме нашиот неопходен придонес како партнер на оваа влада која постојано ви носи конкретни и опипливи резултати, за вас почитувани граѓани.

Ова докажува дека секоја посветеност со одговорност резултира со продуктивност, која можете да ја најдете кај нас.

Имајте на ум дека коалицијата ВЛЕН стои цврсто и бескомпромисно во заштитата на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија!

Влен, Орхан Муртезани 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан