• сабота, 23 ноември 2024

Вработените во Општина Тетово ќе добиваат плата и награди врз основа на колективен договор

Вработените во Општина Тетово ќе добиваат плата и награди врз основа на колективен договор

Тетово, 28 март 2023 (МИА) – Општина Тетово го потпиша новиот колективен договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), инфомираат од локалната самоуправа. Целта е унапредување на правата на вработените во локалната самоуправа.-Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, го потпиша новиот колективен договор заедно со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски. Новиот договор предвидува бонус од плата за успех на работа, со цел квалитетна и ефикасна услуга на граѓаните на Тетово. Градоначалникот Касами уште еднаш ја докажа својата посветеност за унапредување на правата на вработените во општинската администрација, информираа од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата за сите вработени.ас/бт/

фото/ Општина Тетово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан