• сабота, 23 ноември 2024

Во 2021 година покриеноста на увозот со извоз - 71,8 отсто

Во 2021 година покриеноста на увозот со извоз - 71,8 отсто
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) – Во 2021 година од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 426,638 милијарди денари или 6,923 милијарди евра што е за 19,7 отсто повеќе отколку во 2020 година. Вредноста на увезената стока, пак, е 594,02 милијарди денари или 9,938 милијарди евра, односно за 26,8 отсто повеќе отколку во претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во 2021 година изнесува 167,38 милијарди денари, односно 2,716 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 71,8 отсто. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот, пак, најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба. Земјава лани најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина. вј/дма/

Остани поврзан