• среда, 27 ноември 2024

Во 2020 година во Франција беа спречени два исламистички напади

Во 2020 година во Франција беа спречени два исламистички напади

Париз, 3 јануари 2021 (МИА) - „Два исламистички терористички напади беа спречени во 2020 и 33 година од 2017 година, изјави  Лорен Нуњез, координатор на националното разузнавање на Франција, според кој „Сунитскиот исламистички тероризам“ е „приоритетна закана“, јави дописникот на МИА.

Гостин на „Големиот ранде-ву“ Eвропа1 / ЦЊуз / Лес Екхо, Лоран Нуњез не даде индикации за природата на овие два спречени терористички проекти. Тој истакна дека „сунитскиот исламистички тероризам“ е „приоритетна закана“. Тој е „ендоген“ и „сè потешко е да се открие“.

-Преминувањето на дело се случува исклучително брзо, продолжи тој, повикувајќи се на убиството на професорот Самуел Пати во октомври минатата година. Лоран Нуњез подвлече дека има една „заедничка точка“ помеѓу последните три напади што му се припишуваат на ова движење (против поранешните простории на „Шарли Ебдо“, против Самуел Пати и во базилика во Ница): „богохулење, желба за одмазди за пророкот“.

За него, егзогената закана (од странство) е „помалку веројатна“,иако француските служби „остануват крајно будни“ за ова.

Запрашан за следењето на осудените за тероризам кои треба да бидат ослободени од затвор во 2021 година, Лоран Нуњез рече дека тие ќе бидат предмет на „административни обврски“ (редовно проверување, забрана за појавување на некои место ...). Тој процени дека тие ќе бидат „од 60 до 70“ во оваа ситуација во 2021 година, додека, според него, „500 осудени за тероризам“ и „900 обични затвореници кои се радикализирале“ во моментов се во затвор.

Во врска со ултра-десницата, тој се осврна на „5 напади“ спречени од 2017 година до денес и е загрижен за „зголемувањето на моќта на супрематистите и приврзаниците идејата за опстанокот“. Се проценува дека ултра-десницата претставува 1.000 до 1.500 луѓе, што Нуњез не го негираше. Во однос на ултралевицата, која претставува од 2 до 3.000 луѓе, тој процени дека меѓу „150 до 200“деградации (како изгорени електрични столбови, итн.)кои што може да и се припишат во 2020 година.тг/

Остани поврзан