• петок, 08 ноември 2024

Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

Дебар, 17 април 2022 (МИА) - И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи. 

Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус. 

 На Lокалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто. 

 Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија. 

 Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат  и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците. вт/лв/

Остани поврзан