Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и органзииран криинал
- Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска - УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми - во тек се апсења во пет окрузи.
Загреб, 26 ноември 2024 (МИА) - Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска - УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми - во тек се апсења во пет окрузи.
Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за кибер-безбедност при Управата за криминалистичка полиција и Сплитско-Далматинската полициска управа по налог на УСКОК,.
„Наведените дејствија се спроведуваат во Хрватска на подрачјето на повеќе полициски управи (Сплит-Далмација, Загреб, Приморје-Горски Котар, Пожега-Славонија и Истра) во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против интелектуална сопственост и кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци“, наведуваат од УСКОК. зш/