• понеделник, 23 декември 2024

Во Франција се намалува бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19

Во Франција се намалува бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19
Париз, 25 април 2020 (МИА) - Во текот на изминатите 24 часа во Франција починаа 369 лица од последици од новиот коронавирус  Ковид-19, ова е најниска дневна бројка на смртни случаи од пред еден месец, јави дописникот на МИА. Покрај намалувањето на дневниот билан на смртни случаи, исто така се намалува и бројот на пациентите,  кои се на интензивна нега, односно 4.725 лица се во тешка здравствена состојба. Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 28.222 луѓе. Во Франција досега од последици од Ковид-19 починаа 22.614 лица. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан