Во судир со индиските безбедносни сили загинаа 16 маоистички бунтовници
- Индиските безбедносни сили елиминираа најмалку 16 маоистички бунтовници во престрелка во централната држава Чатисгар

Њу Делхи, 29 март 2025 (МИА) – Индиските безбедносни сили елиминираа најмалку 16 маоистички бунтовници во престрелка во централната држава Чатисгар.
Екстремно левичарските бунтовници со децении водат герилска војна против Владата, особено во централна и источна Индија, што доведе до интензивни судири и жртви на двете страни.
Индиската полиција соопшти дека при претрес во Сукма, во јужниот дел на сојузната држава Читисгар пронајдено е различно оружје.
Маоистите тврдат дека се борат за сиромашните индиски земјоделци и работници без земја да имаат поголема контрола врз земјиштето и повеќе права на природните ресурси што ги експлоатираат големите рударски компании.
Судирите помеѓу безбедносните сили и маоистите се интензивираа откако премиерот Нарендра Моди минатата година обезбеди трет премиерски мандат. ми/
фото: МИА архива