Во Струмица одбележан Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа
- Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во Малиот градски парк во организација на Општина Струмица беше одбелеќан 9 Мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Струмица, 9 мај 2024 (МИА) - Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во Малиот градски парк во организација на Општина Струмица беше одбелеќан 9 Мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
За значењето на празниците говореше членот на Советот на општина Струмица, Ице Беличев.
-Денес се навршуваат 79 години од настанот кој стави голема точка на Втората светска војна и 74 години од удирањето на камен темелникот на она што денес претставува Европската Унија. Овие две празнувања во едно ни припаѓаат и нам, затоа што од една страна и македонските граѓани беа дел од големата антифашистичка коалиција и подеднакво со сите останати имаа голема причина да и се радуваат на победата на фашизмот, а од друга страна и нашата македонска татковина е дел од Европа и e на само чекор-два од полноправното членство во Европската Унија, рече Беличев.
Пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ беше положено цвеќе, а членови од рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа рецитал инспириран од двата историски датуми. рт/дма/
Фото: Општина Струмица