• среда, 27 ноември 2024

Во Струга ќе се редуцира уличното осветлување за заштеда на струја

Во Струга ќе се редуцира уличното осветлување за заштеда на струја
Струга, 23 август 2022 (МИА) - Со редуцирање на уличните светилки во градот и населените места, Општина Струга ќе се вклучи во кампањата за заштеда на електрична енергија. Согласно владините препораки и мерки, градоначалникот Рамис Мерко денеска имаше средба со претставници од ЕВН, јавните набавки, финансии и други релевантни чинители. - На 208 мерни единици низ градот и селата ќе бидат поставени уреди што ќе ја контролираат и мерат потрошувачката на електрична енергија, со што ќе се елиминира злоупотребата, а истовремено и ќе се заштеди. Ќе се редуцираат и уличните светилки во некои делови од градот и во селата, соопшти општинската прес-служба по завршувањето на средбата. Ваквите чекори, како што е наведено, се преземаат поради поскапувањето на електричната енергија и повисоките сметки за три до четири пати, сума што не е предвидена во буџетот на Општината за 2022 година. Општина Струга упати апел до населението за разбирање, со ветување дека работат за доброто на градот и граѓаните. сс/хс/

Остани поврзан