• четврток, 26 декември 2024

Во Солун до Божиќ нема слободен термин во фризерските салони

Во Солун до Божиќ нема слободен термин во фризерските салони
Атина, 15 декември 2020 (МИА) – Во следните десет дена, односно до Божиќ, нема слободен термин во фризерските салони во Солун, вели претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун и околината, Павлос Коловос за радиото на грчката новинска агенција „Практорио ФМ“, јави дописничката на МИА од Атина. Фризерските салони и берберниците, беа последните што затворија пред почетокот на карантинот во Грција, а се отворија вчера по повеќе од еден месец и заедно со книжарниците и центрите за техничка проверка на возила се единствените бизниси што во земјата што се отворени. Претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун вели дека нивните телефони ѕвонат без прекин, агендите со термини им се полни,  а најчестиот „проблем“ е тоа што сите клиенти сакаат да бидат први, бидејќи сметаат дека така ќе бидат позаштитени од коронавирусот. ср/гт/

Остани поврзан