• сабота, 23 ноември 2024

Во Смедерево поради неплатена кирија го разнел станот со бомба, еден починат, двајца ранети

Во Смедерево поради неплатена кирија го разнел станот со бомба, еден починат, двајца ранети

Белград, 1 септември 2023 (МИА) - Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на последниот кат од станбена зграда во центарот на Смедерево.

Експлозијата се случила синоќа, кога сопственикот на станот по расправија со станарите за киријата се разнел со експлозивна направа, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Сопственикот наводно подолго време се обидувал да го исели четиричленото семејство од својот стан бидејќи не му плаќале кирија.

Експлозијата се случила на четвртиот кат, разнесени се три ката од зградата, по што таа е евакуирана, а околу зградата се расфрлани парчиња мебел, столарија и стакло.

Двајца потстанари, дваесет и двегодишна девојка се здобила со полесни повреди, додека нејзиниот брат се здобил со тешки повреди, во текот на ноќта бил опериран во Смедеревската болница, бидејќи имал шрапнели по целото тело.

Во Смедерево граѓаните различно реагираат на трагедијата. Некои велат дека не се плашат, но има и такви кои поради експлозијата морале да пијат лекови за смирување.

Еплозијата во Смедерево е само едно од низата убиства и насилства во август во Србија. Во Футог беа убиени две момчиња, во Белград ранети се повеќе лица, се пукаше и во Ваљево и во Крагуевац, а се уште не се залечени раните од масовните убиства во Белград и Младеновац и покрај мерките на Владата со акцијата за разоружување. об/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан