• сабота, 23 ноември 2024

Во Словенија дозволена работа на продавниците до 400 метри квадратни

Во Словенија дозволена работа на продавниците до 400 метри квадратни
Љубљана, 9 февруари 2021 (МИА) - Во согласност со минатонеделната уредба на Владата на Словенија, продавниците со вкупна површина до 400 метри квадратни од денеска повторно ќе бидат отворени за купувачите. Владата во Љубљана минатиот четврток донесе одлука да ги суспендира овластувањата на локалните власти сами да воведат ограничувачки мерки и прогласи црвена зона низ целата земја. Како што пренесува агенцијата СТА, иако одлуката на Владата стапи на сила минатата сабота, многумина не ги отворија веднаш своите деловни капацитети, бидејќи не успеаја да обезбедат потврди за тестирање за своите вработени, па според Словенечката трговска комора, само 10 до 15 проценти од нив ги отвориле своите објекти. Поради проблеми со тестирањето, Националниот институт за јавно здравје на Словенија вети дека ќе им помогне на сопствениците на продавници кои можат повторно да примаат клиенти. Според премиерот Јанез Јанша и министерот за економија Здравко Почивалшек, трошоците за тестирање ги сноси државата. паг/

Остани поврзан