• недела, 24 ноември 2024

Во Скопје 322 сообраќајни прекршоци, 96 за брзо возење

Во Скопје 322 сообраќајни прекршоци, 96 за брзо возење

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Вкупно 322 мерки, меѓу кои 96 за возење повеќе од дозволената брзина се изречени во вчерашната контрола во областа на сообраќајот на територија на град Скопје што ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што информираат од МВР, девет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, а 28 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за некористење сигурносен појас,...

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан