• петок, 05 декември 2025

Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе

Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Во Скопје денеска се одржа настан по повод 5 декември, Светскиот ден на турското кафе, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на локалните медиуми и гости присуствуваа на настанот што се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопјe.

Амбасадорот Фатих Улусој им даде информации на гостите за турското кафе и им се заблагодари за присуството.

Гостите имаа можност да дегустираат турско кафе, како и храна и пијалаци специфични за турската кујна.

Секоја година во Турција и во многу други земји низ светот се одржуваат настани за турското кафе, кое беше вклучено во Листата на нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2013 година.дма/са/

Фото: Анадолија

Остани поврзан