• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Скопје и Куманово лишени од слобода шест лица, осомничени дека набавувале, држеле и продавале амфетамин

Во Скопје и Куманово лишени од слобода шест лица, осомничени дека набавувале, држеле и продавале амфетамин

Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници врз основа на обезбедени судски наредби, извршиле претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово со цел целосно разоткривање на лицата и нивните активности кои траеле подолг временски период.

-При претресите на неколку локации беа пронајдени околу 6 килограми амфетамин, но и повеќе таблети, пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење по наредба на јавниот обвинител. Предистражната постапка траеше неколку месеци, а дел од доказите беа обезбедени со примена на посебни истражни мерки, појаснуваат од МВР.

Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца - амфетамин, кој е класифициран во Националната Листа II на контролирани психотропни супстанции, како и 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца, класифициран во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанции. сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан