• понеделник, 17 март 2025

Во „Св.Наум Охридски" се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор (видео)

Во „Св.Наум Охридски

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски"-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. 

- Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Информира дека степенот на изгорениците се од седум до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.  

Пациентите и семејствата на повредените пациенти го посети и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази сочувство и побрзо оздравување. Се заблагодари на целиот медицински тим за брзата реакција. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан