• понеделник, 23 декември 2024

Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција

Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција

Свети Николе, 6 октомври 2024 (МИА) - Грчката агресија врз Македонија почнува од 1844 година и оттогаш се уште водиме борба за самодокажување. Тоа се покажа и во поновата историја, со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, рече професор Виолета Ачковска денеска на свечената академија во Свети Николе, по повод егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција. Таа посочи дека со  потпишувањето Преспанскиот договор,  тогашните политичари  го одзедоа правото на самоопределување.

-Договорот во Преспа 2018 е еден од најголемите порази и капитулација која сопствената држава и народ ги потпиша за себеукинување. Тоа е еден таков самоубиствен чин на македонскиот народ со многу долгорочни последици и јас не гледам како, многу тешко, но мора да се извлечеме од тоа наметнато откажување од самите себе, изјави  Ачковска.

Универзитетската професорка Елка Јачева-Улчар посочи дека виновни за состојбата во која се наоѓа државата, не ни се соседите, туку  нашата политика, а потпишувањето на Преспанскиот договор, само ги зголемил апетите на Бугарија. Таа смета дека Преспанскиот договор е избрзан, бидејќи во тој момент Македонија под уставното име беше признаена од 130 држави

-Ова го потврдува и еден  неодамнешен исказ на Ципрас, кој вели дека треба да бидеме задоволни, што сепак дозволил да постои  во нашето име терминот Македонија, правдајќи  се пред својата, грчката  јавност, вели дека тоа било и најмногу што можеле да добијат тие, затоа што од како што биле позициите во тоа време, многу лесно можело да се случи да пропадне целата работа во врска со промената на нашето име, вели Јачева-Улчар

На Свечената седница  во Свети Николе се говореше  за значењето на Абецедарот за Македонците во Егејска Македонија, испечатен и објавен пред речиси сто години. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан