• понеделник, 10 март 2025

Во прекин сообраќајот на патот село Тркање - Кочани

Во прекин сообраќајот на патот село Тркање - Кочани

Скопје, 7 март 2025 (МИА) -  Во прекин е сообраќајот на патот кај село Тркање - Кочани, во близина на бензиската пупма Лукоил, информира Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан