• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица - Делчево кај Бигла поради сообраќајка

Во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица - Делчево кај Бигла поради сообраќајка

Делчево, 5 јануари 2024 (МИА) - Поради сообраќајка на две возила, од 19 часот е во прекин сообраќајот на магистралата А3 Делчево - Македонска Каменица пред селото Бигла. 

Според информации на полицијата, која во моментов врши увид на местото на настанот, едно лице е повредено и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во болница.

Сообраќајната несреќа се случила околу 18:30 часот. По завршување на увидот се очекуваат  повеќе информации. вс/хс/

Фото: МИА 

Остани поврзан