• среда, 17 декември 2025

Во Појасот Газа за 24 часа убиени се 140 луѓе

Во Појасот Газа за 24 часа убиени се 140 луѓе

Газа, 18 јуни 2025 (МИА) – Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа при израелските напади врз Појасот Газа убиени се најмалку 140 луѓе.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ги истражуваат вестите за убиени Палестинци додека чекале храна пред центрите за дистрибуција на помош.

Министерството за здравство вчера соопшти дека откако беше одблокирана дистрибуцијата на хуманитарна помош кон крајот на мај, убиени се 397 Палестинци, кои се обидувале да дојдат до храна, а над 3.000 се повредени. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан