Во пожар изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селото Вешје
- Во пожар попладнево изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атар на село Вешје, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи.

Неготино, 6 септември 2022 (МИА) - Во пожар попладнево изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селото Вешје, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи.

- Во 13:30 часот бил пријавен пожар во село Вешје, Неготинско. Од ТППЕ Неготино на терен биле четири пожарникари со едно противпожарно возило. Изгорени биле около 30-40 декари сува трева и нискостеблеста шума. Пожарникарите се вратиле од терен во 17:30 часот, појаснија од ЦУК. свд/бт/