Во пожар во привремен бегалски камп во Грција загина дете
- Во пожар што од засега непознати причини изби во привремен бегалски камп во близина на грчкиот град Тива, животот го загуби дете на возраст од шест-седум години, дел од седмочлено семејство,

Атина, 24 февруари 2021 (МИА) – Во пожар што од засега непознати причини изби во привремен бегалски камп во близина на грчкиот град Тива, животот го загуби дете на возраст од шест-седум години, дел од седмочлено семејство, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека сместените во кампот, првично ги спречиле пожарникарите да стигнат до пожарот, а гаснењето започнало по интервенцијата и помошта од полицијата.
Претходно, било извлечено безживотното тело на детето, а откако било пренесено во болница, лекарите само ја потврдиле смртта на момчето.
Грчката полиција работи на расчистување на причините за пожарот. ср/сд/