• вторник, 24 декември 2024

Во општините Дебар и Центар Жупа денеска правото на глас треба да го остварат  81 болнo и изнемоштенo лице

Во општините Дебар и Центар Жупа денеска правото на глас треба да го остварат  81 болнo и изнемоштенo лице

Дебар, 7 мај 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа денеска, на вториот круг од претседателските, како и парламентарните избори правото на глас треба да го остварат 81 болно и изнемоштено лице.  

Гледано одделно,  71 лице се во општина Дебар, додека останатите 10 во соседната општина Центар Жупа, кои според претседателите на општинските изборни комисии, ќе бидат посетени попладне откако ќе биде распределен избирачкиот материјал.

- До комисијата беа доставени 39 барања и истите беа прифатени.  Останатата бројка, односно 32 се лица чии барања беа прифатени за гласање во првиот круг од претседателските избори на 24 мај, рече за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.  

Во единствениот избирачки список во оваа општина за претседателските избори запишани се 19.269 гласачи, додека за парламентарните 19.311 а ќе се гласа на 27 избирачки места.

- Кај нас беа доставени 7 барањата и сите се прифатени. Од првиот круг на претседателските избори се 3 лица, што значи вкупно 10 болни и изнемоштени лица  треба да го остварат правото на глас во домашни услови, изјави Неџип Илјаз, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Според него, во единствениот избирачки список за вториот круг од претседателските избори запишани се 7.368 додека за парламентарните 7.383 гласачи, а ќе се гласа на 16 избирачки места.

Во првиот круг од претседателските избори во општина Дебар правото на глас го оствариле 6379 или околу 35 отсто, додека во општина Центар Жупа 1279 или 17,36 отсто. вт/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан