• сабота, 21 декември 2024

Во Општина Центар 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче

Во Општина Центар 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачил решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош што редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.

Герасимовски потенцирал дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.

- Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што тие се и нашата светла иднина, рекол Герасимовски, соопштија денеска од Општина Центар.

Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Mollers, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК. цр/лв/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан