Во општина Центар мурал посветен на маестро Џамбазов
- На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало во скопската општина Центар денеска ќе биде промовиран мурал посветен на композиторот Александар Џамбазов.

Скопје, 3 февруари 2024 (МИА) - На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало во скопската општина Центар денеска ќе биде промовиран мурал посветен на композиторот Александар Џамбазов.
Промоцијата на муралот, кој е дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка, е по повод роденденот на маестро Џамбазов. вј/нд/
Фото: Општина Центар